Градското дерби во плејаутот на машката Супер лига меѓу Скопје и Јуниор КВ немаше победник, па двете екипи може да жалат што останаа покуси за два бода.
Во последните 45 секунди од мечот имаше драма. Скопје водеше со 25-24 и имаше напад за дефинитивна победа.
Техничка грешка на 12 секунди до крај, и со брзо префрлање и „финта“ на Печенковски гостите дојдоа со бод вреден како планина.