Натпреварот уште незапочнат, Пецаковски доби црвен картон! (ВИДЕО)
Екипата на Пролет не успеа да стигне до првата победа во разигрувањето за титулата и во 2. коло беше поразена од Тиквеш со 29:24. Домаќините уште од почетокот од дуелот имаа дополнителен проблем, бидејќи црвен картон во првата минута заработи Дејан Пецаковски. Искусниот ракометар при изведување на пенал го погоди во лицето голманот на Тиквеш, Марјан Велков. Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одлучија на Пецаковски да му доделат црвен картон и да го испратат на трибините во салата „Македонско сонце“.