Петти двобој Франција – Данска во финале на големите натпреварувања

Мундијалот во Полска и Шведска ќе биде „затворен“ со дуелот на големите велесили последните години. Актуелниот олимписки шампион Франција против светскиот првак Данска. За се да биде уште поинтересно пресметката на двете репрезентации започна со финалето во Малме 2011 година и тогаш Франција во полуфиналето ја победи Шведска, а Данска беше подобра од Шпанија.

Данците никогаш нема да го заборават финалето во Хернинг 2014 година на Европското, кога „триколорите“ буквално ги разбија.

Две финалиња имаат одиграно и на Олимписките игри. Во Рио 2016 година Франција важеше за фаворит, но победи Данска. Обратна слика беше летото 2021 во Токио  кога Данците беа фаворити, а победија Французите.

Амбициите на Данска се да биде првата репрезентација со три светски титули во серија, а Франција ќе сака да го спречи големиот ривал.

Двете репрезентации досега на шампионатот немаат пораз, а Данска единствено одигра нерешено против Хрватска што им дојде како едно мало будење.

Досега одиграни финални натпревари:

СП 2011 Шведска: Франција – Данска 37:35

ЕП 2014 Данска: Данска – Франција 32:41

ОИ 2016 Бразил (Рио): Данска – Франција 28:26

ОИ 2020 Јапонија (Токио): Франција – Данска 25:23

Петтото финале се игра во Стокхолм во Теле 2 Арена со почеток во 21 часот.