Балиќ: Не е крајот на светот, СП само што почна

Непријатно е кога на почетокот ќе се стартува со пораз, особено за репрезентација од калиброт на Хрватска.

Избраниците на селекторот Хрвоје Хорват едноставно не можеа да фатат ритам на дуелот се Египет.

Египет беше во некој ритам постојано, постигнуваа лесни голови, а ние имавме слабо движење во одбраната. Но, турнирот уште не е завршен, само што почна. Дефинитивно голманите немаа одбрани (вкупно 5 заедно), но тука треба да помогне и одбраната. За да се подобрат играчите сега не им е потребен тренер, тоа треба да го направат тие самите, изјави помошниот во хрватскиот стручен штаб Ивано Балиќ.

Хрватска сега ја очекуваат уште два дуела во групата со САД (недела) и со Мароко (вторник).

Не е крај на светот има уште многу да се игра, потенцираше некогаш најдобриот ракометар на светот.

Ова не е најлошиот старт на хрватската на репрезентација на едно големо натпреварување на Европското 2002 имаат пораз од Југославија 34:22, а четири години порано на Европското 1998 загубиле од Русија 29:14. Сите овие порази како и овој од Египет 31:22 се на првите натпревари.