Ракометарките на Ѓорче Петров денеска го играат првиот осминафинален натпревар од Европскиот Куп.
Ривал на македонскиот шампион ќе биде полскиот тим Јарослав, кој дополнително се засили со бразилска интернационалка.
Ѓорче Петров ќе биде со познатиот ростер и тренерот Симе Симовски ќе смета на целиот играчки кадар.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Јарослав се игра вечерва во салата во Автокоманда со почеток во 18:00 часот.