Екипата на Радовиш, која во пролетниот дел ќе игра во плеј-аут фазата, во СРЦ „25 Мај“ ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната.
На првата прозивка на тренерот Љупче Мијалов оправдано отсутни беа голманот Славјан Паунов и младиот кружен напаѓач Ристе Атанасов.
Како што е веќе познато, клубот по регуларниот дел од сезоната го напушти Здравко Постолов, кој се пресели во редовите на Тиквеш.
Ракометарите на Радовиш во плеј-аут фазата, односно во битката за опстанок ќе играат против екипите на Голден Арт, Скопје, Јуниор КВ, Струга, Прилеп, Куманово и Вардар Неготино.
Радовиш во текот на подготвителниот период ќе одигра неколку контролни натпревари и не е исклучена можноста клубот да ангажира ново засилување.