Тимот на Еурофарм Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој ќе играат во плеј-офот и во Купот на Македонија.
Тренерот Александар Јовиќ го сподели задоволството од работата во клубот и од добрите резултати на екипата.
„Управата на Еурофарм Пелистер 2 правилно размислува и има добра стратегија и визија, а резултатите тоа го покажуваат. Ние трета сезона ќе играме во плеј-оф и мислам дека со нашите добри игри тоа го заслуживме. Напоредно создаваме играчи за првата екипа и остваруваме резултати. Подготовките ќе ги спроведеме комплетно во Битола. Ќе одиграме неколку меѓусебни натпревари со Еурофарм Пелистер, а може да играме и еден меѓународен натпревар. Особено ми е мило што како најмлада екипа во првенството, се пласиравме во плеј-оф и пренесовме еден бод. Ќе бидеме најмлади и во плеј-офот и ќе си поставиме цели. Ќе играме растеретено, но со цел ниедна екипа не смее да биде поборбена од нас. Треба да играме квалитетна и агресивна одбрана, преку која ќе постигнуваме лесни голови во напад“, вели Јовиќ.
Од тимот имаше само едно заминување, на левиот бек Дејан Кукуловски, кој се пресели во чешкиот Брно.