Поранешниот селектор на репрезентацијата на Словачка, Петар Кукучка, кој доби отказ од раководството на словачката федерација по неуспехот во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2023, од следната сезона ќе го предводи амбициозниот тим на Криенс Луцерн.
Раководството на клубот преку официјално соопштение ја најави двегодишната соработка со тренерот од Словачка, за кого ова ќе биде втор клупски ангажман.
Кукучка во Криенс Луцерн доаѓа на местото на поранешниот репрезентативец на Југославија и Хрватска, Горан Перковиќ.
Екс селекторот на Словачка добро ја познава швајцарската лига и начинот на нејзиното функционирање бидејќи неколку сезони настапуваше за Кадетен Шафхаузен.
По завршувањето на неговата играчка кариера, на кратко го предводеше Кадетен Шафхаузен и успеа со клубот да ја освои националната титула во Швајцарија.