Тимот на Македонија Ѓорче Петров остана во конкуренција за првото место во плеј-аут од Првата лига, откако славеше на домашен терен против Преспа со 31-24.
Гостите од Ресен парираа добро на стартот на натпреварот, но домашните ракометари обезбедија плус четири на пауза, 14-10.
Во второто полувреме Преспа успеа да стигне и до израмнување во еден момент, 17-17, но Македонија Ѓорче Петров набрзина ја врати контролата на мечот и до крајот рутински ја одржуваше разликата.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Петко Митовски со осум и Александар Ѓорѓевски со пет погодоци, додека кај Преспа, најпрецизен беше Бојан Џуклевски со седум гола.
Македонија ЃП сега е втора на табелата со 31 бод, пред Астраион кој е трети со 30 бода, додека лидер е Металург РА на две кола до крајот со 34 бода.