Екипата на Вардар е победник во Купот на Македонија откако во големото финале го совлада најголемиот ривал Еурофар Пелистер со 23:22.
После завршување на финалниот меч беа доделени индивидуалните награди за надјобрите на турнирот.
За најкорисен играч односно МВП на завршниот турнир беше прогласен играчот на Филип Талески кој го постигна победничкиот гол во финалето.
Најдобар голман на фајнал-фор турнирот во Купот беше голманот на Вардар, Мартин Томовски кој беше фантастичен на финалниот натпревар.
За најдобар стрелец беше прогласен Филип Талески кој во финалето постигна шест гола од кои и победничкиот, а вкупно 15 на турнирот што беше најмногу од сите кои настапија.