Актуелниот шампион на Македонија во женска конкуренција, Куманово, почна со формирање на ростерот за следната сезона.
Бразилската интернационалка Андреза Алмеида е првата од сегашниот ростер на кумановки што го продолжи договорот.
Таа дојде на стартот на пролетниот дел од сезоната и веднаш стана лидер на теренот со неколку постигнати клучни победнички погодоци во финишот на дел од натпреварите.
Од претходно е познато дека десниот бек Јована Кипријановска ќе замине во Франција, додека дополнително ќе биде познато кои ракометарки од актуелниот ростер ќе ги продолжат соработките, а кои ќе заминат.
Куманово не успеа да го одбрани трофејот во Купот на Македонија, но има шанса да ја одбрани титулата во Женската лига. Клучниот наптревар е претстојниот викенд против Ѓорче Петров, директниот конурент за титулата.