Поранешниот руски репрезентативец Алексеј Растворцев, кој беше дел од Вардар за кој настапуваше во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, беше шампион на Македонија освојувач на Купот за руските медиуми зборуваше за времето поминато во „црвено-црниот“ дрес.
Растворцев, по завршувањето на играчката кариера во Војводина се врати повторно во Вардар но како спортски менаџер на ракометната академија. Растворцев е оженет со Македонска и моментално живее во Скопје.
„Вардар се обиде да направи своја академија во сите градови за да можат децата да играат на турнири. Во Франција има околу 40 ракометни интернати и создаваат играчи како на лента – секоја година излегуваат по двајца-тројца кои веднаш се спремни не само да играат во некој клуб, туку дури и во репрезентацијата. Има многу аспекти на системската работа, сè е важно: медицината, исхраната, моралната подготовка. Треба да селектирате деца кои се соодветни за ракомет, а не само да донесете некој од улица. Сепак, Вардар имаше четири екипи: од неколку категории на деца, па дури до суперлигашот Вардар Јуниор. Се обидовме да изградиме вертикала, така што сè ќе функционира од доле нагоре. Но, Вардар е тим кој цели кон највисок резултат, па на младите им беше тешко да се преселат во главниот тим и да се пробијат во составот. Имаше идеи да се склучат договори со послаби екипи за да се дадат момците на позајмица. Но, тогаш, со промената на сопствениците, многу идеи пропаднаа.“
Растворцев објасни како дојде до трансферот во Вардар.
„Во 2013 година се појавија финансиски проблеми во Чеховски Медведи, а во Вардар се појави Сергеј Самсоненко. Излегува дека ја продолжив кариерата за две-три години. Можев да играм во Чехов една година, но мислам дека не повеќе. Имав само една година од договорот. А по преселбата ми се смени начинот на живот, се подготвуваш и почнуваш уште повеќе да се покажуваш – ова е нов предизвик, некакво раздвижување. Колку и да сме слични со Србите, Македонците, сепак има друг живот, малку поинаков менталитет.
Русинот кажа некои детали од кои бил воодушевен во Вардар и објасни какви услови имале сите кои биле во клибот.
„Ако споредите со просечниот руски клуб, тој во суштина опстојува – цело време се обидува да најде пари за платите на играчите, за патувања. Кога се преселив во Вардар, веднаш ми дадоа автомобил, иако такво нешто немаше во договорот. Се беше направено за ракометарите! Додека ни се подготвуваа станови, живеевме во хотел со пет ѕвезди. Доколку имавме некој здравстен проблем – добредојдовте во приватна клиника. Самсоненко веднаш почна да гради сала, центар за рехабилитација, ресторан за клубот. Првата година додека се градеше јадевме во ресторан. Доаѓаш, порачуваш што сакаш, јадеш и си заминуваш. Секое прашање беше решено во секунда – ова никаде го немам видено. Ги имавме сите услови, само да играме! Првите три месеци бев како во втора младост. Но, во репрезентацијата на Мундијалот го повредив рамото. А потоа на меч во македонскиот шампионат лигаментите и бев седум месеци надвор од терен. Тоа беше тешко – постојано бев сам.
Растворцев говореше и за разликата во условите во Вардар и во Војводина каде што ја продолжи кариерата.
„Мислев дека се вратив во минатото – во времето на Воронеж. За да разберете, во Вардар секој играч има кутија опрема – еден куп дресови за тренинг, само чорапи имавме 50 пара различни бои и големини. И немавме никаква одговорност и обврска за опремата – одредено лице што патуваше со тимот беше одговорно за тоа. Игравме, се соблекувавме, фрлавме во корпата и заборававме на тоа. Потоа влегуваш во соблекувалната, а во соблекувалната – со име, со број и презиме – подготвена чиста опрема. Во Војводина сите тренираа во што имаат, во соблекувалната – кој каде сакаше таму седеше. Односот и во тимот е поинаков, не знам ни како да објаснам но, луѓето кои играат за врвен резултат се однесуваат поинаку. Дури и во соблекувалната.“
Алексеј Раастворцев сега е во Скопје и засега не планира да се враќа во Русија.
„Би сакал да се вратам еден ден во Русија, на крајот на краиштата тоа е мојата татковина. Но, сега не сум одговорен само за себе. Имам семејство, ќерка која не е родена во Русија. Во 2013 година, ако некој ми кажеше дека ќе одам во Македонија, ќе се оженам таму и ќе имам дете, ќе му одговорев: „Луд ли си?“ Сакав само да играм малку и да си одам дома. Сепак, веќе 9 години сум овде. Затоа, оттогаш не се откажав од ништо и не правев никакви предвидувања за иднината, заврши Растворцев.“
Алексеј Растворцев четири години работеше на менаџерска позиција во Вардар, а сега веќе повеќе од една година нема никаква врска со ракомет, но тоа не значи дека нема повторно да се врати да работи со ракомет.