За скандалот со странците во Босна вината се префрли на клубовите

Службата за работа на странци, како организација која врши надзор и контрола при престојот на странските државјани во Босна и Херцеговина пред неколку дена откри бројни неправилности во регистрираните играчи и тренери во клубовите од Премиер лигата во Босна.

После направената контрола на странските државјани им биле одземени документите бидејќи не поседувале дозвола за престој во државата и сега им е забрането да се занимаваат со спортски активности во државата.

Сега за овој скандал се огласи Регистрационата комисија на сојузот во Босна која „топката ја префрли“ на клубовите.

„Машките и женските клубови се известуваат дека оделот за странци на Босна и Херцеговина започна сериозна контрола на поседување на документи за престој и работни дозволи за играчи тренери кои не поседуваат пасош на Босна и Херцеговина. Затоа ве предупредуваме сите кои немаат уредни документи автоматски немаат и право на престој и работа во Босна и Херцеговина. За сите проблеми настанати со евентуални жалби за настапите во натпреварувањата санкции ќе сноси клубот кои довзолил да има такви играчи и тренери во составот“, стои во објавеното соопштение.