Повеќекратниот шампион на Украина, Галичанка Лвов се пресели во чешкиот град Ходонин кој ќе биде нивна нова база во наредниот период.
Екипата на Галичанка Лвов се натпреварува во Европскиот Куп, а по кратки преговори тие побарале помош од Чешка која без проблеми им излегла во пресрет и ќе биде нивни домаќин.
Во Европскиот Куп Галичанка Лвов ќе игра полуфинале против Рокаса Гран Канарија од Шпанија. Домашната федерација во Чешка на ракометарките на овој клуб им обезбедила хотел и услови за тренирање и играње натпревари.
Сепак, тренерот на екипата Виталиј Андронов не е со тимот во Чешка. Андронов морал да остане во Украина. Ќе потсетиме, тој беше селектор на Украина кога нашата репрезентација во 2018 година играше против Украинците квалификации за пласман на ЕП 2018.