Зорман ќе се потпре на искуство – ги врати Бомбач, Цингесар и Габер во репрезентацијата

Селекторот на Словенија Урош Зорман откако го избра тимот околу него, го објави и составот за бараж натпреварите од квалификациите за Светското првенство во 2023.

Ривали на Словенија во баражот ќе и бидат Италија и Србија, а Зорман за овој двомеч одлучи да се потрпе на искуство, па во репрезентациијата ги врати Дарко Цингесар, Деан Бомбач и Матеј Габер

Претходно како што споменавме тој го формираше неговиот тим во кој негови соработници ќе бидат Лука Живеј, Горзад Шкоф (тренер на голманите), додека спортски директор на репрезентацијата е легендарниот Вид Кавтичник.