Женската репрезентација на Словенија ги започна подготовките за двомеот со Македонија во рамките на ЕХФ Евро Купот.
Селекторот Драган Аџиќ нема да смета на сите ракометарки, но првата ѕвезда Ана Грос ќе биде во ростерот.
„Би сакал да имав полн состав, но за жал тоа нема да биде случај. Со нас имаме неколку девојки кои беа во подготвките и за Светското првенство Шпанија. Имаме проблеми со повреди, но за среќа нема ништо сериозно и на ниту една од девојките не и е потребна операција. На местата на оние кои не можеа да бидат со нас во овој двомеч поканивме неколку нови ракометарки. На тренинзите сакам да го проверам нивниот квалитет и да им дадам шанса да се докажат. Ние од стручниот штаб ќе им даваме насоки како да продолжат да работат во иднина и да ја подобрат својата игра“.
Блажка Хауптман, Тајда Трипковиќ и Урша Урбанчич се новите имиња кај Словенките. Аџиќ не ја потценува Македонија и посочува дека имаме добра репрезентација.
„Македонија е квалитетна репрезентација и покрај тоа што нема настап на последните големи натпреварувања. Фокусирани се на подигнување на нивото на играта со цел да биде повеќе конкуретни“, изјави Црногорецот на клупата на Словенија.
Првиот натпревар меѓу Словенија и Македонија се игра в четврток во Целје од 18:00 часот, додека вториот меч е во Скопје на 6 март од 18:30 часот.