Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, со триумф ја затвори 2021 година.
ЦСКА славеше на гостински терен во Краснодар со убедливи 33-27, а десното крило беше меѓу најдобрите стрелци.
Ристовска ја тресеше мрежата на Кубан седум пати, исто толку гола даде и Ана Грос, додека Драгана Цвијиќ беше прецизна пет пати.
ЦСКА Москва следниот натпревар ќе го игра на домашен терен на 12 јануари против Астраханочка.