Ракометарките на Шпанија со победа го започнаа настапот на Светското првенство 2021 на кое се домаќини, а во првиот удар на Шпанките настрада Аргентина која беше убедливо совладана со 29:13.
Во текот на првото полувреме, Аргентина рамноправно се носеше против домаќинот на натпреварувањето. Шпанија добро го почна натпреварот, имаше солидно водство од 4:2, но во преостанатите 30 минути од првиот дел, репрезентацијата на Аргентина заостануваше на еден до два гола негатива. Одбраната кај двете репрезентации беше на високо ниво, па така на полувреме резултатот беше во корист за Шпанија од еден гол разлика, 11:10.
Во вториот дел, Аргентина преку Пизо го израмни резултатот на 11:11, а потоа и на 12:12. Шпанките претходно не можеа да се одлепат на поголема предност од еден гол, а потоа стигнаа до 11:0. До крајот Аргетина постигна само еден гол, а прими уште шест. Пратично серијата беше 17:1 што ретко кога се случило на едно вакво големо натпреварување.
Најефикасни во победничката репрезентација со по пет гола беа Александра Барбоса и Кармен Коста. Во Аргентина, Елке Карстен се истакна како најефикасна со три погодоци. Шпанија за следен противник во рамките од Групата Х ја има репрезентацијата на Кина. Следен ривал на Аргентина е незгодната репрезентација на Австрија.