Досега беше тренер во екипа од ЛШ, од лето ќе биде спортски директор на бундеслигаш

Шпанскиот стратег Раул Алонсо по три сезони, заминува од клупата на белорускиот шампион Мешков Брест.

Алонсо поради семејни причини се враќа во Германија, каде што претходно работеше, но нема да ја продолжи тренерската работа.

Тој ќе биде спортски директор во клубот Ерланген, а бундеслигашот ја потврди оваа информација на клупскиот сајт.

„Работата како спортски директор во Ерланген ќе ми дозволи да учествувам во интересен проект. Оваа нова должност за мене ќе ми даде друг, поинаков поглед на ракометот, кој сигурно ќе ми се допадне. Со нетрпение чекам да бидам дел од развојот на клубот“, изјави Раул.

Тој најпрво му беше помошник на Маноло Каденас во Мешков, а веќе трета сезона го води сам Мешков. Оваа сезона беше постигнат најголемиот клупски успех – четвртфинале во Лигата на шампионите.