Калуѓеровиќ продолжува со Металург

Ракометарот од Црна Гора, кој во февруари пристигна во Металург, Василије Калуѓеровиќ останува дел од тимот од Автокоманда и во следната сезона. Клаузулата во неговиот договор за продолжување на соработката беше активирана така што тој продолжува да го носи дресот на Металург.

Калуѓеровиќ дојде како освежување за бековската линија среде сезоната откако клубот играше многу променливо. Според она што го прикажа успеа да се адаптира на игрите во Металург така што дефинитивно си го најде своето место.

Со неговото останување практично се продолжува соработката со уште еден играч од актуелниот состав така што само се продолжува и со формирањето на составот за сезоната 2021/22.

Претходно договорот го продолжи и Хорват така што уште еден интернационалец ќе остане во тимот.