Луда завршница – Како Дашек во последната секунда ги сруши Словенците (ВИДЕО)

Репрезентациите на Полска и Словенија одиграа многу интересен натпревар кој го добија домаќините со гол во последната секунда. После голема борба во текот на сите 60 минути Полјаците славеа со 27:26. Во последната минута избраниците на Патрик Ромбел водеа со 26-25, но Новак погоди за 26:26 на пет секунди до крај. Победата остана за домаќините откако Дашек во брз напад успеа да постигне гол за победа буквално во последната секунда. Погледнете го голот и големата радост на Полјаците....