Екипата на Борац Бања Лука, каде што тренер е Веселин Вујовиќ, беше елиминирана изненадувачки во четвртфиналето на Купот на Босна и Херцеговина од Извиѓач со два порази.
УО на клубот веќе свика седница на која ќе се дискутира и за овие порази. Извиѓач е лидер на табелата и во првенството, но не се очекуваше толку лесно испаѓање од Купот на тимот на Вујовиќ.
„Состанокот на УО е закажан за понеделник. Тогаш ќе донесеме одредени одлуки. Јас лично не сум задоволен од она што го видов на теренот, ако се земе во предвид дека УО направи натчовечки напори да обезбеди финансии за непречено функционирање на тимот. Управата во ниеден момент не се мешаше во изборот на играчи, како што некои медиуми тврдат, ниту пак се мешавме во работата на тренерот Вујовиќ“, изјави претседателот на клубот, Саша Кондиќ за „Мондо.
Тимот од Бања Лука наведе дека се можни санкции и награди за играчите и стручниот штаб во зависност од резултатите и залагањето на теренот.