Хуманоста на дело: Душебаев, Олеjничак и Гебала донираа плазма за заболените од Ковид-19 (ФОТО)

Тренерот на Келце, Талант Душебаев и двајцата ракометари од клубот, Михал Ојленичак и Томаш Гебала донираа конвалесцентна плазма за да им помогнат на пациентите заболени од Kовид-19 односно на сиромашните лицa на кои итно iм е потребна помош.

Во регионалниот центар за крводарителство и третман на крв во Келце, тренерот и неговите ракометари се чуствуваа среќни по направената хуманост.

„Ајде да размислиме на овој начин:ако на некој од нашето семејство или на самите нас ни требаше крв, а ќе недостасуваше, ќе бевме многу тажни. Ако ми треба помош, би сакал луѓето да ми помогнат и би сметал на тоа. Затоа ако можам да помогнам некому, го правам тоа доброволно“, изјави Гебала.

Иницијатор на акцијата беше Ракометната Супер лига на Полска. Ваквите хумани акции ќе продолжат и во следниот период кај другите суперлигашки клубови.