Ракометарите на старо-новиот светски шампион Данска се вратија во татковината, а дел од нив веќе заминаа и во нивните клубови, но на враќањето немаше организиран пречек во Копенхаген поради ковид-мерките.
Сепак за селекторот Николај Јакобсен беше организиран пречек во неговиот роден град Туре, кој на крајот заврши со пријава во полиција.
Еден од жителите сметал дека средбата на неколку стотини жители на Туре и Јакобсен, поминала со нарушувања на антиковидните правила и пријавил во полиција, пишува данската ТВ 2.
„Кога ќе ги видите фотографиите, сфаќате дека луѓето стојат многу блиску еден до друг. Многумина не носат заштитни маски. Глупоста на човекот нема крај“, изјавил анонимен жител на Туре за ТВ 2.
Јакобсен не очеувал толку многу луѓе да го поздрават.
„Тоа беше одличен прием. Јас навистина не очекував дека толку многу луѓе ќе се соберат да го поздрават нашиот успех“, изјави Јакобсен.