Еден од главните ракометари на репрезентацијата на Шпанија, Раул Ентрериос денес го освои својот деветти медал на големите натпреварувања во националниот дрес. Иако Шпанија важеше за фаворит на Светското првенство во Египет, Ентрериос мораше да се задоволи со утешното трето место.
Уште од почетокот на неговата кариера го носи бројот девет во шпанскиот дрес, а денес го освои и деветиот медал.
40- годишниот ракометар од Шпанија најави повлекување од репрезентативниот дрес по ОИ во Токио, а токму на Олимпијадата би можел да ја круниса својата играчка кариера и со десетиот освоен медал на големите натпреварувања.
Првиот медал го освои во далечната 2005 година. Шпанија во големото финале на Светското првенство во Тунис ја совлада Хрватска и го освои златниот медал. Низата на медали продолжи и во 2006 (сребро ЕП), 2008 (бронза ОИ), 2011 (бронза СП), 2014 (бронза ЕП), 2016 (бронза ЕП), 2018 (злато ЕП), 2020 (злато ЕП), 2021 (бронза СП).
На денешниот натпревар за третото место против Франција беше еден од главните ракометари на својата селекција со 4 постигнати голови.