Заврши 27. Светско првенство во Египет, а старо-нов светски шампион е репрезентацијата на Данска.
На Мундијалот во Египет титулата најдобар стрелец му припадна на репрезентативецот на Катар, Франкис Марзо кој го заврши турнирот со вкупно 58 гола, а на второто место е Сандер Сагосен од Норвешка со 54 погодоци, додека на трето место заврши Хампус Ване со 53 гола кој играше во финалето со Шведска.
За првпат во историјата на овој Мундијал настапија 32 репрезентации и исто така имаше и селекции кои го имаа своето историско прво учество на првенствата.
Рекордот на Кире Лазаров како најдобар стрелец на Светските првенства останува недопрен и понатаму уште од Мундијалот во 2009 година кога постигна 92 погодоци. На ова првенство ефикасно започна Сандер Сагосен и тој беше единствената закана доколку продолжеше така ефикасно, но со раната елиминација на Норвешка не дојде до тоа.