На три натпревари до крајот на првенството рекордот на светските првенства според бројот на постигнти голови нема да биде загрозен така што Кирил Лазаров останува и понатаму кралот на стрелците со 92 погодоци реалиирани на Мундијалот во 2009 година.
После шест натпревари на врвот е Франкис Марцо од Катар кој има 53 погодоци. Со оглед на тоа што сега доаѓаат дуелите каде што сигурно нема да биде така лесно да се релизира тешко е да се верува дека ќе може со својата селекција да дојде до 40 погодоци за да го помине рекордот на Лазаров или 39 за да се израмни.
Покрај тоа Катар е ривал на Шведска, која игра одлично на првенството.
Тешка ќе биде мисијата и за Сагосен кој имаше помалку голови отколку што беше случај во првиот круг, па сега е на 50 гола и има преголемо заостанување за да може да го нападне рекордот на Кирил Лазаров.