По Норвежаните, кои се пожалија на условите во Египет, сега и данските ракометари се жалат дека во Египет не се почитуваат ковид протоколите.
Актуелните светски шампиони се сместени во огромен хотел, кој има повеќе од илјада соби, но тие велат дека освен играчите има и други луѓе, односно туристи.
Левиот бек Хенрик Мелгард вели дека просторот за доручек личи на голем пазар.
„Kога бевме на доручек, ми личеше дека се наоѓаме на некој голем сточен пазар. Имаше многу луѓе наскаде. Ни беше ветеено дека нема да има други репрезентации каде што ќе јадеме ние. Само се надевам дека нема никој да се зарази“, вели Молгард за данската ТВ 2.
Поради ова Данците најголем дел од времето го поминуваат на нивниот кат во хотелот и не се мешаат со многу луѓе што не се дел од експедицијата.
Во првото коло без проблеми ја совладаа селекцијата на Данска, а до крајот на првата фаза ги чека средби со Аргентина и Конго.