омеје
Најомразениот Французин во Хрватска тренира со синот во дрес на Лука Модриќ! (ВИДЕО)
Легендарниот Французин минатата година се повлече од активно играње ракомет и оттогаш ужива во слободното време. Тој е во карантин со семејството и го троши времето со неговиот син учејќи го ракометни вештини. Освен ракомет, Омејер и неговиот син се испробаа и во тенис и фудбал, а сите видеа беа објавени на неговиот Инстаграм профил . Омејер не е омилен лик во Хрватска поради одличните партии што секогаш ги имаше на голот на Франција против „коцкестите“ на големите натпреварувања и ги спречуваше да стигнат до медал. Но очигледно дека голманот нема проблем што неговиот син беше облечен во дрес на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ од Реал Мадрид. Како изгледа тренинг во домот на еден од најдобрите голмани во историјата погледнете во видеото.