[soliloquy id=”120497″]
Во поход на „Штадхале“: Се подгрева атмосферата меѓу навивачите…три, два, еден – почнуваме! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Уште неколку минути не делат од почетокот на настапот на македонската машка репрезентација на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Виенската сала „Штадхале“ не е најидеално подготвена за еден ваков настан, но тоа нема да им пречи на навивачите да ја дадат максималната поддршка за нашите ракометари. Таа ќе биде и повеќе од потребна во обидот да се стартува победнички на шестиот настап на континенталните собири. Се очекува дека бројката на македонските навивачи ќе биде поголема од 2.000 за дуелот против Украина.