Вардар Јуниор ја испрати Струга со полна мрежа

Ракометарите на Вардар Јуниор имаа убедливо издание во 13. коло од Суперлигата, на домашен терен беа подобри од последнопласираната Струга со високи 40:23.

Младите вардарци беа фаворити на овој дуел, а тоа го оправдаа во целост. Во текот на целиот натпревари имаа контрола на играта и резултатот. Многу рано домашната екипа почна да прави предност, од 2:2 Вардар Јуниор постигна шест последователни гола и до крајот на првиот дел успеа да ја одржи предността. На полувреме беше 18:13.

И вториот дел беше потполно во знакот на Вардар Јуниор, доминираа на теренот а разликата постојано растеше. Победникот беше познат уште на стартот на полувремето кога Струга веќе имаше двоцифрено засотанување. До крајот на дуелот домашните успеаја да стигнат до многу висока победа од 17 гола разлика.

Најефикасен во составот на Вардар Јуниор беше Дејан Кукуловски со десет гола, а по шест постигнаа Ќосевски и Крстевски. Во екипата на Струга, Дарио Симоновски со седум гола беше прв стрелец, додека пак шест пати беше прецизен Крстаноски.

ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА 40:23(18:13)

Сала: Јане Сандански во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Чакалиќ, Јанковски, Кукуловски 10, Гашовски 3, Јакимовски 4, Карапалевски 3, Чакалиќ 2, Андоновски 2, Анѓелковски, Анѓеловски, В.Крстевски 6, Крствски, Атанасовски 4, Ќосевски 6, Дука.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 8 мин.

СТРУГА: Стојаноски, Маркоски 2, Крстаноски 6, Савески 2, Јанкуловски 2, Стојаноски, Мечкароски Стрезоски, Симоноски 7, Јаковчески, Костески 3, Русески, Новаковиќ 1.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 мин.