44-Годишната Насименто блеска на СП, Ангола убедлива, Романија лесно се справи со Хрватска

Селекциите на Романија, Швајцарија, Бразил и Ангола прославија убедливи победи на денешните натпревари на Мундијалот во Германија и Холандија.

Романките на паузата водеа само со гол предност, 15-14, но Хрватките под водство на екс македонскиот селектор Ивица Обрван се распаднаа во второто полувреме и Романија прослави убедлива победа.

Најдобри стрелци кај Романија беа Грозав со шест и Остасе со пет гола, а кај Хрватска се истакна Баришиќ со седум погодоци.

Швајцарија му дозволи само девет гола на Иран, додека 44-годишната Александра До Насименто со седум гола го водеше Бразил до победа над Куба. Ангола исто така без проблеми се справи Казахстан.

Светско првенство, 1 коло, резултати:

група А
Романија – Хрватска 33-24
20:30 Данска – Јапонија

група Б
Швајцарија – Иран 34-9
20:30 Унгарија – Сенегал

група Ц
Бразил – Куба 41-20
20:30 Шведска – Чешка

група Х
Ангола – Казахстан 38-20
20:30 Норвешка – Јужна Кореја