📸 Франција се искачи на европскиот трон, Данците дома си одат со сребро!

ЕП2024: Медали доделување

 

 

Репрезентацијата на Франција е новиот европски шампион, откако во неизвесното финале по продолженија славеше над Данска со 33:31. Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 27:27, па така новиот владетел на Европа мораше да биде избран на продолженија од по пет минути. Актуелниот светски шампион ќе мора да се задоволи со среброто, додека сега екс првакот на Европа, Шведска, со бронзениот медал. Домаќинот Германија иако имаше амбиции да игра во големото финале, сепак, на крај финишира на 4. позиција.