Европската ракометна федерација го објави Ол-Стар тимот на Европското првенство, иако допрва треба да се одиграат мечот за третото место и финалето.
Во идеалниот тим се најде десниот бек Матијас Гидсел, кој е дел од најдобрите тимови на пет шампионати по ред (СП, ОИ, ЕП).
Покрај данскиот бек, во бековската линија се левиот бек Мартим Кошта од Португалија и средниот бек Јури Кнор од Германија.
Тука е и голманот Андреас Вулф од домашната репрезентација, пивотот од Франција Лудовик Фабрегас, како и крилата на Шведска и Австрија, Хампус Ване и Роберт Вебер.
Најдобар дефанзивец е Магнус Саудструп од Данска, а МВП признанието и она за најдобар стрелец ќе бидат објавени по финалниот натпревар.
За Ол-Стар тимот гласаа повеќе од 20.000 фанови, како и многу ракометни експерти.