📷Пелистерци тренираа во Берлин – подготвени за второто соочување со „лисиците“

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе се соочи со Фуксе Берлин во натпревар од 13. коло од Лигата на шампионите.

Бундеслигашот беше подобар на првото меѓусебно соочување сезонава, триумфираше во Битола со осум гола разлика, 30:22.

Пелистерци веќе пристигнаа во Берлин, а вечерва во „Макс Шмелинг Арена“ го одработија својот тренинг пред утрешниот меч.

Натпреварот меѓу бундеслигашот и македонскиот шампион е закажан за 20:45 часот.

Правдата на натпреварот ќе ја делат Јан Кармо и Жулиен Мурш од Франција, додека делегат е Тихомир Касуниќ од Хрватска.