📷 Мала држава со големо срце – 5.000 „рибари и овчари“ беа дел од историјата

13.01.2023 ФАРСКИ ОСТРОВИ vs НОРВЕШКА 26-26

Фарски Острови одамна веќе не е сензација во машкиот репрезентативен ракомет, а вечерва уште еднаш докажа дека располага со одлични ракометари. Носени на крилјата на 5.000 навивачи, односно 10% од вкупното население кое се занимава со риболов и овчарство, Фараните испишаа историја и го освоија првиот историски бод на Европските шампионати по ремито со Норвешка, 26-26.