Пласманот на ЕП 2026 година за Македонија е 8 по ред и 15 во низа, а тоа беше и подарок за селекторот кој вчера го прослави својот 45 роденд. Играчите не го заборавија својот селектор, па во соблекувалната на свој начин му го честитаа роденденот.
Откако претседателот Александар Стефанов во соблекувалната по мечот им честиташе на ракометарите за одличната игра и пласманот на ЕП, и заеднички поздравија „За кого – за Македонија“. стигна изненадувањето,
Сите шишиња со вода кои беа во соблекувалната завршија на главата на Лазаров. Му посакаа успех, и на следното ЕП на кое заедно ќе настапуваат.