Десниот бек Елена Ѓорѓиевска на ЕП 2024 го имаше последниот настап за репрезентацијата на Македонија.
За Ѓорѓиевска ова беше настап на петто големо натпреварување. Таа беше дел од македонската репрезентација на СП 2005 во Русија, ЕП 2006 во Шведска, СП 2007 во Франција и ЕП 2008 во Македонија.
Не играше на ЕП 2012 и претходното ЕП 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора поради повреда.
На десет одиграни натпревари на ЕП 2006 и ЕП 2008 кога уште беше тинејџерка, Ѓорѓиевска постигна пет погодоци.
На дуелите со Шведска, Турција и Унгарија, десниот бек и сега веќе поранешен капитен на Македонија, еднаш се запиша во листата на стрелците.
По враќањето во Македонија, колешките со пригоден подарок и дрес со потписи од сите ракометарки ја испратија Ѓорѓиевска во репрезентативна пензија.