Репрезентацијата на Хрватска супериорно го започна настапот на Европското пренство кое се игра во Германија.
Избраниците на Горан Перковац во првото коло за ривал ја имаа Шпанија и против „црвената фурија“ покажаа моќ триумфирајќи со десет гола разлика, 39:29 (18:14).
Иако Шпанија беше фаворит пред натпреварот, барем на хартија, ракометарите на Хрватска одиграа толку супериорно што голманите на Шпанија не забележаа ниту една интервенција.
Хрватска со победата над Шпанија е на половина пат до пласман во главната фаза. Составот на Перковац втората победа на Европското првенство ќе ја брка во дуелот против Австрија.