🎥 Струшкиот турнир со нова димензија – мечевите годинава на специјална „Gerflor“ подлога

Меѓународниот ракометен турнир во Струга и ова лето прави значаен организациски чекор напред. За првпат во историјата на турнирот, сите натпревари ќе се играат на специјална ракометна подлога „Gerflor“ – истата каква што се користи на сите натпревари од Лигата на шампионите, како и на Европските и Светските првенства.

Со оваа новина, турнирот го следи врвниот стандард во ракометот, овозможувајќи им на играчите најдобри услови за настап, а притоа ја задржува својата најголема автентичност и уникатност – фактот дека мечевите се играат на отворено, под ѕвезденото небо на Струга.

Овој потег уште еднаш ја потврдува амбицијата на Струшкиот турнир да остане „ракометен бисер“ во регионот, каде традицијата и модерните стандарди одат рака под рака.

Годинава на турнирот ќе играат шест екипи подлееи во две групи. Турнирот почнува утре, а финалето е закажано за во сабота.

❗❗  Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракометдобивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…