🎥 Од хероина до трагичарка за десет секунди!

Србинките доживеаја вистинска спортска трагедија на Европското првенство за младинки во Подгорица.

Избраничките на селекторот Зоран Барбуловиќ беа на чекор до пласман меѓу најдобрите осум селекции на Стариот континент, но беа поразени од Шпанија со 26:27 на шокантен начин.

Се чинеше дека Србија го има сигурниот бод во раце кој би бил доволен за пласман во четвртфиналето, откако голманката Татјана Чинку одбрани удар на противничка на само седум-осум секунди пред крајот.

Но, потоа следуваше катастрофална грешка – Чинку додаде топка директно во рацете на шпанска ракометарка, по што судиите досудија пенал.

Во последната секунда, Родригез беше прецизна од седум метри и донесе победа за Шпанија – 27:26, оставајќи ги Србинките со наведнати глави и без пласман во четвртфиналето.

Сега српската репрезентација ќе мора да се задоволи со натпревари за пласман од 9 до 12 место, што е големо разочарување по одличната игра и трите победи во групната фаза.