Репрезентацијата на Македонија утре со дуел против Норвешка ќе го стартува своето учество на Мундијалот 2023.
Како и на секое Светско или Европско првенство, нашата репрезентација ќе има голема поддршка од трибините.
Како што е познато, Македонија натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Краков, а домаќин ќе биде „Таурон Арена“.
Македонците во Краков ќе имаат и своја навивачка база. Станува збор за познатата пивница „Љубич“, која е основана во далечната 1840 година.
Пивницата, која ќе биде навивачка база на „Фалангата“ се наоѓа во самиот центар на Краков, односно на два до три километри од „Таурон Арена“.
Македонија на 13 јануари ќе игра против Норвешка. Два дена подоцна, односно на 15 јануари, избраниците на Лазаров ќе имаат дуел против Холандија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против Аргентина на 17 јануари.