Филип Талески е еден од маледонските репрезентативци кои секогаш се на “тапет” и подлежат на критики без разлика дали станува збор за клупски настап или репрезентативен.
Тој е самоуверен и вели дека ќе ги демантира коментарите дека не вреди.
„Секој спортист во било кој спорт има падови во кариерата. Мојот период подолго трае… Ме прозиваат дека можам да си ги спакувам куферите и да си ги закачам патиките и да се откажам од ракомет, но нема да дозволам такво нешто на некој кој посакува да е на моето место. Убеден сум дека наскоро ќе ги демантирам тие коментари дека не вредам…Во себе знам дека на сите ќе им докажам дека не се во право, со тоа се хранам. Не ми е убаво, се чувствувам како најомразена личност во ракометниот свет. Секој има право да коментира, но многу од коментарите се погрдни, ниски и се одраз на нашата, за жал, (не)култура. Директни навреди и за сопругата и за семејството, телефонски пораки, на социјалните мрежи… Верувам дека многу луѓе сакаат да бидат на мое место, а не можат. Дали сум добар или лош тоа знам за мене, за нив не знам. Секогаш тргнувам од себе, прво гледам во својот двор, потоа во туѓиот. Сум имал конфликт со некои навивачи, и велам ако мислат дека знаат и можат подобро да играат ракомет од мене, слободно, ќе им го дадам дресот нека дојдат на моето место. Во мене има нешто кое ми кажува дека знам и можам многу подобро и се надевам дека тоа многу брзо ќе го докажам.”
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Филип Талески…