Јовиќ: Ќе дадеме сѐ од себе за достојно да го претставиме клубот во ЛШ!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес означи старт на подготовките за претстојната сезона 2023/24.

На првата прозивка беа присутни сите ракометари кои останаа од ланскиот состав, како и новите пет засилувања – Урош Борзаш, Нејц Цехте, Андреас Нилсен, Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски.

Тренерот Александар Јовиќ истакна дека главната цел ќе биде клубот достојно да се претстави во Европа, како и остварување на зацртаните цели на домашна сцена.

,,Сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите, а покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме да имаме преголем број на ракометари во ростерот, мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа за новата сезона”, изјави Јовиќ.

Шампионот „запали“ мотори, ќе се тренира во Битола и Маврово (ФОТО)