Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз го стартуваа настапот во Лигата на шампионите, откако на свој терен беа убедливо поразени од Колстад со 31:22.
Норвешкиот шампион уште во воведниот дел направи голема разлика и до крајот константно беше во предност од шест до девет гола разлика.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, истакна дека неговиот тим не заслужил пораз од девет гола разлика, но според него, големата негатива се должи на големиот број промашени зицери.
,,Најпрво, сакам да им ја честитам победата на Колстад и да им посакам среќа и успех во понатамошните натпревари во Лигата на шампионите. Ние лошо го отворивме натпреварот, имавме голема желба, бевме борбени, но не заслуживме пораз од девет гола разлика, а тоа се базира на многу промашени зицери. Сметам дека овој натпревар треба да биде поука за понатаму и големо искуство. Екипата е речиси нова, па ни треба време. Секако дека ова не се алиби за поразот, туку тоа е реалност“, изјави стратегот на битолчани.
Еурофарм Пелистер во второто коло од европската елита ќе биде гостин кај данскиот вицепрвак Алборг.
Пораз на премиерата за Еурофарм Пелистер, Колстад носи бодови од Битола