Интернационалецот Тоше Ончев има 25-години и е дел од генерацијата на Талески, Кузмановски, Томовски, Нелоски, Палевски… кои во 2013-та година играа во квалификациите во Умаг и изборија пласман на ЕП 2014 во Полска, предводени од Александар Јовиќ.
За левиот бек тоа е прв и единствен настап на големо натпреварување затоа што во иднина ќе биде изоставен, како од селекторите во младинските селекции, така и во сениорскиот тим, се до лани.
„Бев дел од кадетската репрезентација која играше квалификации во Умаг, а потоа настапивме и на ЕП 2014 во Полска. Не предводеше Јовиќ и јас сум со генерацијата на Талески, Нелоски, Палевски… Потоа кога се играа квалификациите за СП во Данска, не бев повикан на собир, не се најдов ниту на поширок список. Не знам која беше причината што Јовиќ едноставно ме избриша. Ми беше навистина тешко, јас бев со тој тим од почетокот и пионери и кадети. Ниту Илија Темелковски не сметаше на мене за СП во Алжир и така ме снема од репрезентативната листа. Ниту еден селектор и во сениорска конкуренција не ме имаше земено предвид, се до лани летото. Кога имаше активност на Б репрезентација, па Лазаров ме стави на поширок список. Но, не бев селектиран во потесниот. Од тогаш постојано сум на поширок список од 35 играчи и чекам шанса.“
Подолу прочитајте го целосното интервју за 24ракомет со македонскиот интернационалец.
ИНТЕРВЈУ ТОШЕ ОНЧЕВ: Треба некој да ми даде шанса за да покажам дали вредам за репрезентација!