Машката младинска селекција на Јапонија е нов азиски шампион, откако во финалето славеше над домаќинот Бахреин.
Јапонците не дозволија изненадување, иако ја имаа публиката против себе и победија со 24-20 против Бахреин.
Во битката за третото место Кувајт ја совлада репрезентацијата на Саудиска Арабија со убедливи 27-21.
Овие четири репрезентации со пласманот во полуфиналето обезбедија место на Светското првенство во Германија и Грција во 2023 година.