Женската репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство со три порази од Холандија, Романија и Франција.
Сите девојки од нашата репрезентација за првпат играа на голем настан, за разлика од сите други ривали, кои веќе имаат многу искуство и многу одиграни натпревари на големи натпреварувања.
Една од поискусните во репрезентацијата на Македонија, Моника Јанеска, која на ЕП беше една од најдобрите во македонскиот табор, преку социјални мрежи упати голема благодарност до публиката, медиумите и до раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за големата поддршка на континенталниот собир.
,,Почеток на крајот. Солзи во очите и желба за победа. Покрај сите порази, победивме. Благодарна сум за секоја минута помината на теренот претставувајќи ја Македонија. До моите девојки од тимот, Ви благодарам што успеавме да ја доловиме желбата за победа и успех во дресот на националниот тим. До публиката која што безрезервно не поддржуваше, Ви благодарам! До моите најблиски, фала Ви што сте тука од самиот старт на кариерата и што секогаш сте дел од моите победи и порази. Што ми ги бришете солзите и што се радувате на секој мој успех. До медиумите кои пружија поддршка и напишаа прекрасни статии за тимот и желбата за победа, Ви благодарам. Ми беше огромна чест да ја претставувам Македонија на ова европско првенство. Благодарност до РФМ и претседателот на федерацијата Живко Мукаетов, без чија поддршка не би ја ни имале оваа можност да играме на ова првенство со полни трибини. Ви благодарам што бевте ветар во нашите едра”, напиша Јанеска на социјалните мрежи.
Македонија веќе напролет во 2023 ќе ги започне квалификациите за настап на Светското првенство.
Ристовска: 10 години го чекав овој момент, горда сум Македонка!