Ристовска: 10 години го чекав овој момент, горда сум Македонка!

Женската репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство со три порази од Холандија, Романија и Франција.

Сите девојки од нашата репрезентација за првпат играа на голем настан, за разлика од сите други ривали, кои веќе имаат многу искуство и многу одиграни натпревари на големи натпреварувања.

Сара Ристовска, која заедно со ЦСКА Москва играше на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во сезона 2020/21, преку социјалните мрежи истакна дека цели 10 години откако е во сениорската репрезентација го чекала моментот да заигра пред македонската публика на едно големо натпреварување.

,,Некогаш победуваш , некогаш губиш . Али самата главна цел е нешто да научиш . Беше прекрасно искуство да се игра на Европско Првенство . Каква атмосфера , какви навивачи . 10 години чекав да го доживеам тој момент . Едно големо БЛАГОДАРАМ ДО СИТЕ што беа со нас до последните 180 минути . Горда сум на своите девојки . Горда сум што сум МАКЕДОНКА . Со срце за Македонија…”, напиша Ристовска на социјалните мрежи.