Јанеска и Гакидова со Коњалти влегуваат во борба за шампионската титула во Турција

Екипата на Коњалти со победата над Јенимахал од 35:25 се позиционираше на третото место на табелата во шампионатот на Турција и ги зголеми своите шанси за освојување на годинешната титула.

Коњалти во убедливата победа беше предводен од репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска, која беше најефикасна на натпреварот со осум погодоци. Јанеска покрај одличната игра во напад одигра солидно и во одбрана.

Меѓу најдобрите стрелци во дресот на Коњалти беше поранешната ракометарка на Металург и Вардар, Ивана Гакидова. Кружниот напаѓач од Македонија петпати се запиша во листата на стрелци.

Друштво на врвот на листата на стрелци на ракометарките од Македонија им правеше ракометарката од Русија и екс членка на Вардар, Алена Ихнева. Русинката во противничката мрежа постигна седум погодоци.

На табелата во турскиот шампионат моментално лидер е Кастамону со 24 бодови, ист број на бодови има и второпласираната екипа, Јаликавак, додека Коњалти со 23 освоени бодови се наоѓа на третото место.